Макрон: Франција нема да воведе визи за Велика Британија

Макфакс

19/10/2018

10:51

690

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги негира тврдењата на британските медиуми дека Франција ќе воведе визи за Британците во случај Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија да не постигнат договор за брегзит.

„Тоа е лажна вест. Ние нема да воведеме визи”, изјави Макрон за новинарите во Брисел, објави „Ројтерс“.

Макрон учествуваше на самитот на ЕУ во Брисел посветен на брегзит, каде што беше констатирано дека 27 лидери се подготвени повторно да се состанат со цел да ги дефинираат условите за повлекување на Велика Британија од Унијата штом ќе биде постигнат напредок во преговорите.

На самитот исто така беше заклучено дека напредокот во преговорите досега не е доволен, па затоа во ноември не е планиран вонреден самит за брегзит, објавија официјални претставници на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг