Тереза Меј: Постигнат е напредок, се надевам на договор

Макфакс

17/10/2018

20:13

1.160

Големина на фонт

а а а

Британската премиерка Тереза Меј вечерва, пристигнувајќи на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, порача дека е постигнат добар напредок, како во договорот за повлекување на Британија од ЕУ, така и во разговорите за идното партнерство.

„Се надевам на постигнување договор, кој сите го посакуваат и кој ќе биде во интересе и на Велика Британија и на ЕУ“ порача Меј.

Британската премиерка и лидерите на ЕУ ќе се обидат на самито во Брисел да ги спасат разговорите за договорен развод, откако досегашните преговори завршија неуспешно. Претставниците на ЕУ велат дека договор и натаму е можен, но се подготвени и за сценариуо во кое ќе нема договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг