ВМРО-ДПМНЕ: Заев тера инает на сопствениот народ

Макфакс

17/10/2018

13:27

1.359

Големина на фонт

а а а

Заев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи со секој минат ден сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси, велат од опозициската партија како реакција на соопштението на СДСМ од каде претходно порачаа дека Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО без разлика на деструктивното и антидржавно однесување на Мицкоски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, договорот од Преспа за промена на името на државата, за граѓаните на Република Македонија е правно-политички мртов.

„Зоран Заев мора да ја разбере пораката што му ја упатија граѓаните и да запре со силување на Уставот, законите и процедурите. Уставот е јасен – референдумот не е успешен. Ставот на ДИК, тело кое го спроведува изборниот процес, е јасен, одлуката не е усвоена. Само Зоран Заев тера инает на сопствениот народ“, се наведува во партиското соопштение и се додава дека премиерот не треба да бара виновници за неуспешниот референдум во никој друг освен во себе самиот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг