Повеќето Британци сега се против брегзит

Макфакс

17/10/2018

12:54

789

Големина на фонт

а а а

Доколку Велика Британија денеска одржи уште еден референдум за членство на земјата во ЕУ, веројатно нема да се донесе одлука за брегзит, покажа најновата анкета.

Сега 51 отсто од луѓето би гласале за останување во Унијата, покажуваат резултатите од истражување нарачано од Европскиот парламент.

Триесет и четири проценти велат дека сé уште ќе се изјаснат за брегзит, додека 11 отсто би биле воздржани.

Велика Британија гласаше да ја напушти ЕУ со 52 отсто од гласовите на референдумот во 2016 година.

Новите податоци се објавени додека водачите на ЕУ се подготвуваат за самитот денеска и утре.

Додека времето полека истекува, Брисел и Лондон повторно во текот на викендот заглавија во преговорите по однос на прашањето на границата на ирскиот остров.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг