Голем пад: По оваа одлука на претседателот, Русите никогаш немале полошо мислење за Путин

Точка

16/10/2018

17:20

4.715

Големина на фонт

а а а

Владимир Путин во последно време доживува пораз по пораз на домашен терен. Откако на локалните, регионалните и изборите за гувернери, неговата партија доживеала неколку неочекувани порази, дошол уште еден удар за рускиот претседател. Имено, според резултатите на најновите анкети, популарноста на Путин паднала на само 39 проценти.

Анкетата која ја спровел Центарот Левада во септември, покажува дека популарноста на Путин паднала за 20 проценти во однос на ноември 2017. година, кога имал поддршка од дури 59 проценти од испитаниците. Тогаш рускиот лидер бил гледан позитивно од населението, но во последните 3 месеци ситуацијата се променила. 

Слично е и со останатите министри и соработници на Путин. Министрите за одбрана и надворешни работи, Сергеј Шојгу и Сергеј Лавров, исто така имаат значителен пад кај граѓаните кои ја поддржуваат нивната политика. Според анкетата, луѓето и натаму повеќе му веруваат на рускиот претседател отколку на било кој друг политичар или институција, но и тој процент паднал од 75 на 58 проценти во 2018. година.

"Луѓето имаат чувство дека државата се обидува да ги реши своите проблеми на сметка на населението. Постоеле големи очекувања дека Путин ќе ги отповика пензиските реформи", рекол Лед Груков, директор на Центарот Левада.

Исто така, ентузијазмот за мобилизација против странските непријатели и пост-Кримската еуфорија се намалени, бидејќи се повеќе луѓе обраќаат внимание на социо-економските проблеми дома.

"Владата ги третира руските граѓани како да се деца. Пренесуваат во живо претседателски пораки за моќни нуклеарни ракети и даваат впечаток дека тоа е во најдобар интерес на народот, и тоа се за да ги омекнат граѓаните за пензиските реформи за кои се знае дека ќе добијат жестоки критики", рекол Дмитриј Камјушев, уредник на политичката рубрика во весникот "Ведомости".

Долго време, мозокот на просечниот Русин ја повторувал истата едноставна формула - "Без Путин, нема Русија". Но, последните истражувања го поставиле прашањето дали испитаниците навистина го почитуваат претседателот.

"Еден од главните проблеми со пензиските реформи е дека акумилирање на поголем фонд не е во интерес на луѓето, туку служи на растот на пензиската индустрија и додава пари во домашната економија. Оваа принудна инвестиција нема никаква врска со обезбедувањето на минимално ниво на богатство за пензионерите, има врска со инфраструктурата и банкарските проекти со државни компании и бизнисмени блиски на Путин", рекол економистот Борис Гразовски за рускиот весник "Република".

Пензиски реформи

Рускиот Сенат на почетокот на октомври усвоил закон со кој се внесуваат измени во пензискиот систем и се зголемува границата за одење во пензија.

Според измените на законот, меѓу другото, се менува и старосната граница за одење на мажи и жени во пензија, па така мажите сега ќе одат во пензија со 65 наместо 60 години, а жените на 60 наместо на досегашните 55 години.

Првобитно, руската влада имала намера да го продолжи работниот век на мажите и жените, но претседателот на Русија, Владимир Путин, ги сугерирал усвоените измени. Претходно руската влада предлагала старосната граница за жените да биде крената на 63 години.

За законот гласале 149 сенатори, пет биле против, додека три сенатори биле воздржани.

Одговарајќи на прашањето дали Кремљ е загрижен поради рејтингот на претседателот Путин во врска со реформите во пензискиот систем, Песков рекол дека Кремљ внимателно ги следи промените во рејтингот.

"Во исто времe, за претседателот рејтингот никогаш не бил препрека да ја направи вистинската работа за луѓето, посебно зголемувањето на животниот стандард како крајна цел за трансформација", додал тој.

Русија чувствува големи последици поради наметнатите меѓународни санкции, но и фактот дека многу зависи од извозот на енергенси, чија цена се повеќе паѓа. Освен тоа, Москва имала многу трошоци како домаќин на Светското првенство во фудбал, а исто така ги зголемила и платите во државниот сектор. Сега, изгледа, со овој потег се обидува тоа да го надомести така што ќе ги принуди граѓаните да одат подоцна во пензија.

Избори во Русија

Судејќи по резултатите на изборите одржани неодамна во неколку руски области, граѓаните на Русија одлучиле да ги казнат владејачките политичари и партии. Прв пат по 2015. година, кога само еден кандидат на владејачката партија изгубил на директни избори за гувернер, Кремљ доживеал шок, бидејќи сега двајцата кандидати изгубиле, а таму каде што третиот наводно ја победил конкуренцијата, изборите биле поништени.

Иако за победниците на тие избори не може да се каже дека се силна опозиција, јасно е дека гласачите решиле да се побунат против режимот.

Исто така, на изборите кои биле одржани неодамна, Путин на некој начин доживеал пораз. Коалицијата од либерални опозициски партии остварила неочекуван триумф на локалните и регионалните избори, носејќи ја победата во повеќе изборни единици на сред Москва. Опозициската коалиција Обединети демократи во таа населба ги освоила сите 12 места. Сепак, во најголем број московски општини победила Единствена Русија на Путин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг