Саинз среќен што се враќа на местото каде дебитираше за Рено

КРУГ.МК

16/10/2018

17:15

1.911

Големина на фонт

а а а

Пред 12 месеци Карлос Саинз ја имаше својата прва трка за фабричката екипа на Рено, откако претходно возеше само за Торо Росо.

Ред Бул се согласни на едногодишна позајмица на возачот во францускиот тим поради тоа што немаше место за него во Милтон Кинс.

Америка беше негова прва трка во жолтиот болид и поради тоа не е ни изненадување што на Остин гледа како на една од неговите омилени трки.

„Патеката има лик и има харизма поради што се разликува од вообичаените Формула 1 патеки. Моќта на модерните Формула 1 болиди се чувствува насекаде. Има вистинска мешавина од летечки кривини, брзи правци и тешки зони за кочење со кривин иод 90 степени. Сетоа тоа дава голем предизвик за нас возачите.

Секако дека за мене ова е патека за паметење поради тоа што првата трка за Рено минатата година ја извозив тука. Имавме одлична трка за која имавме многу малку време да се подготвиме“, се присетува Карлос.

Шпанецот дефинитивно се покажа одлично при својата прва трка за екипата и заврши на 7мо место во дебито со жолтиот болид носејќи 6 поени за тимот.

„Имавме успешен викенд што значеше дека позитивно го почнав мојот престој во Рено, бевме брзи и направивме добри претекнувања. Имав совршено претставување пред екипата и ми се допадна секој момент од моето деби во жолто црно лани“.

Следната година жолтиот болид на Рено Саинз ќе го замени со портокаловиот на Мекларен откако Ред Бул се согласнија да го ослобода од договорните обврски, што значи 4те трки до крајот на годинаа ќе бидат последни за него.

„Мораме да продолжиме да се бориме затоа што знаевме дека вториот дел од сезоната ќе биде потежок за нас од првиот, но мораме да покажеме добар тимски дух.

Откако стигнав до поен во Јапонија, се надевам дека ќе продолжам со топ 10 пласмани и во Остин затоа што патеката треба повеќе да ни одговара на пакетот одошто Сузука. Дури и ако го немаме ритамот кој го сакаме, можеме до поени со борење и притискање“, заврши Саинз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг