Помпео пристигна во Саудиска Арабија поради смртта на новинарот

Макфакс

16/10/2018

10:12

1.465

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во Саудиска Арабија за да се сретне со кралот Салман, поради контроверзиите за судбината на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Помпео потоа ќе ја посети Турција, каде пред две недели Кашоги последен пат беше виден во саудискиот конзулат во Истанбул. Турските власти веруваат дека Кашоги е убиен од саудиски агенти, но Саудијците остро негираат такво нешто.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера посочи дека жестоки убијци најверојатно стојат зад исчезнувањето на новинарот. Трамп не обезбеди докази за поткрепа на неговите коментари.

Трамп нагласи дека во телефонски разговор, саудискиот крал цврсто ги негирал наводите за убиство.

Синоќа турските власти за прв пат влегоа во саудискиот конзулат, при што според непотврдени информации, Кашоги починал за време на испрашување, кое наводно излегло од контрола и првичната намера била тој да биде киднапиран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг