Илиоски: Пратениците немаат мандат да го менуваат уставното име на државата

Макфакс

15/10/2018

14:19

1.372

Големина на фонт

а а а

Пратениците немаат мандат да го менуваат уставното име на Република Македонија. Денешната точка на дневен ред е против волјата на граѓаните, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, на денешната седница на Собранието на која се расправа за уставните измени предложени од Владата.

Илиоски им порача на пратениците на СДСМ да не го ставаат во заблуда народот дека се менува привремената референца БЈРМ бидејќи, како што рече, вистината е дека се менува уставното име, Република Македонија.

„Доста ги манипулирате граѓаните дека се менува референцата БЈРМ, кажете дека се менува името Република Македонија во Република Северна Македонија. За да има светла иднина оваа држава треба да седнете и да сработите нешто. Доста го плашите народот дека е крај на светот ако не помине договорот“, истакна Илиоски.