Пенс испрати писмо до Заев: Ја имате мојата поддршка во овој важен момент за земјата

Макфакс

13/10/2018

14:05

1.143

Големина на фонт

а а а

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс испрати писмо до Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Во писмото, Пенс пишува дека му преставувало чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември во Белата куќа во Вашингтон и дека ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција.

Во своето писмо Пенс ја истакнува неговата благодарност за покажаното лидерство во постигнувањето на договорот и нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија Договорот од Преспа и со тоа ја потврдија огромната посветеност европската иднина на Република Македонија.

„Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја“, пишува потпретседателот на САД во своето писмо до премиерот Заев, и истакнува дека во наредниот период очекува натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји.



Спонзорирани линкови

Маркетинг