Свршеничката ги открила последните зборови на исчезнатиот новинар: Не се ни сомневал во нешто лошо, влегол во конзулатот опуштен

Точка

13/10/2018

14:15

2.338

Големина на фонт

а а а

Исчезнатиот саудиски новинар не бил нервозен кога одел во конзулатот на Саудиска Арабија ниту се сомневал дека може нешто лошо да му се случи, изјавила денес неговата свршеничка Хатиџе Џенгиз.

Според нејзините зборови, последното нешто што Кашоги го кажал пред да влезе во зградата на конзулатот било - "се гледаме подоцна мила". 

Таа рекла дека оваа недела веќе би била омажена со Кашоги и додала дека имале планови да живеат на релација Истанбул-САД, каде Кашоги живеел во доброволен егзил од минатата година.

Кашоги се води како исчезнат од 2. октомври кога влегол во зградата на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за да добие документи неопходни за венчање со турската свршеничка Џенгиз.

Турските службеници стравуваат дека дописникот на "Washington Post", познат како критичар на Саудиската влада, бил убиен во конзулатот, но не пружиле докази за тие тврдења.

Од друга страна, Саудиска Арабија ги негирала овие обвиненија како неосновани.

Саудиските власти навеле дека Кашоги влегол во конзулатот и набрзо го напуштил, меѓутоа, турските власти и неговата сопруга која го чекала пред вратите на конзулатот, тврдат дека тој не излегол никогаш.

Кашоги ја напуштил Саудиска Арабија минатата година откако ја критикувал саудиската политика во Јемен и притисокот кој се врши на критичарите на власта.

"AP" наведува дека турските власти не ги коментираат извештаите во кои се наведува дека владата на таа држава им соопштила на американските службеници дека поседува аудио и видео доказ дека Кашоги бил убиен во конзулатот.

Одговарајќи на прашања на американската агенција, Џенгиз преку мејл порачала дека турските власти не и споменале никакви снимки и нагласила дека Кашоги "уште официјално се води како исчезнат".

Таа ги потврдила извештаите дека Кашоги носел "Apple" часовник кога влегол во конзулатот и истакнала дека инспектор ги истражува неговите мобилни телефони.




Спонзорирани линкови

Маркетинг