Чавушоглу: Турција сака да соработува со Саудиска Арабија во истрагата за исчезнатиот новинар

Макфакс

12/10/2018

10:22

920

Големина на фонт

а а а

Истрагата за исчезнатиот саудиски новинар, Џамал Кашоги продолжува и Турција сака да соработува со Саудиска Арабија, изјави турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пренесуваат турските медиуми.

„Турција сака да соработува со Ријад за случајот со исчезнатиот новинар, но Саудијците треба да одговорат на ист начин. Турција ќе му даде јасна слика на светот, откако ќе го испита случајот“, изјави Чавушоглу.

Џамал Кашоги исчезна на 2 октомври, кога последен пат го посетил конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг