Граѓаните и денеска го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански

Макфакс

10/10/2018

18:26

1.087

Големина на фонт

а а а

Граѓаните кои и денеска излегоа на протeст во општина Аеродром, иако се во значително помал број од вчера, повторно го блокираа булевaрот Јане Сандански.

По денешната изјава на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, за моментално стопирање на изградбата на деветкатницата кај „Мајчин дом” граѓаните во драстично помал број излегоа на протест кај овој дел од општината каде што покрај групата граѓани и случајните минувачи, превентивно присутни се и припадниците на полицијата.

Тие протестираат против изградбата на деветкатницата во нивната општина и бараат да се престане со изградба на објекти со кои се уништува зеленилото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг