Оваа фотографија е доказ: Надзорната камера го снимила новинарот како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул по што го „проголтала земја“

Точка

10/10/2018

12:42

3.910

Големина на фонт

а а а

Приватната турска телевизија “News Channel 24” објави денес снимка од исчезнатиот писател и новинар Џамал Кашоги како влегува во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и црно комби кое нешто подоцна заминува.

Телевизиската станица која што е блиска до турските власти, сугерира дека Кашоги бил во црно комби „Мерцедес Вито“ кое што може да се види на фотографијата. Комбито возело некои два километри до куќата на конзулатот, по што потоа влегло во гаражата.

Турските власти тврдат дека Кашоги бил убиен во конзулатот во текот на минатата седмица, а Саудиска Арабија ги отфрла тие обвинувања, тврдејќи дека истите се „неосновани“.

59-годишниот Кашоги исчезна пред една седмица откако влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да ги добие документите потребни за венчање. Турските власти стравуваат дека тој е убиен во комплексот на конзулатот, додека пак нивните саудиски колеги тврдат дека тој си заминал неповреден, иако засега немаат доставено докази за да го потврдат тоа.

Кашоги ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше политиката на официјален Ријад во Јемен и притисокот кој што се врши врз критичарите на власта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг