ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и неговата криминална банда во владата немаат мандат да менуваат Устав

Макфакс

09/10/2018

19:43

1.133

Големина на фонт

а а а

Соочени со волјата на народот, соочени со катастрофалниот одѕив на гласачите, соочени со фактор дека манипулацијата со референдумот не им помина пред гласачите, покрај изборниот поткуп, криминалната банда на власт се внесе во најдрско полнење кутии и газење на најдемократскиот израз – референдумот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и неговата криминална банда во Владата немаат мандат да менуваат Устав. Капитулацијата од Преспа е отфрлена од народот. Оттука сите народни избраници, Собранието како распишувач на референдумот, Владата како извршна власт и сите други институции не смеат да ја газат волјата на над 1.200.000 гласачи кои на овој договор му ставија точка. Зоран Заев и криминалната банда ја газат демократијата со секој нивен иден чекор. 

Оваа влада повеќе нема легитимитет за никакво дејствување. Третиот столб на демократијата, правосудниот систем, мора сериозно да почне да ги расчистува криминогените дејства вклучително и силувањето на волјата на граѓаните преку туркање на уставни измени кои произлегуваат од договор што не доби директна поддршка од гласачите.

Ваква недемократска власт само ја оддалечува Република Македонија од какви било интеграции, особено од ЕУ и НАТО, се додава во соопштението на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг