Велика Британија: Случајот со изчезнатиот новинар во Истанбул е сериозен

Макфакс

09/10/2018

15:02

1.852

Големина на фонт

а а а

Лондон соопшти дека во Кралството е започната итна истрага за се дојде до одговори за минатонеделното изчезнување на новинарот кој беше пријавен за исчезнат откако замина во посета на Саудискиот конзулат во Истанбул.

„Овие информации се од сериозен карактер,“ се вели во соопштение од британското министерство за надворешни работи.

„Ги имаме последните извештаи и спроведовме итна истрага, а тука е вклучена и владата на Саудиска Арабија,“ изјавија од министерството.

Од Берлин велат дека исчезнувањето на новинарот Џамал Кашогија, кој работеше како колумнист во „Вашингтон Пост“ е сериозно и загрижувачко.

Според портпаролот на германското МНР, сите релевантни извори се должни да дадат информација која ќе помогне во истрагата и предупреди дека шпекулациите се недозволиви, бидејќи истрагата е во тек.

Кашоги е пријавен како исчезнат по влегувањето во Саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.

Полицијата во Турција работи на расветлување на случајот и соопшти дека 15 Саудијци, меѓу кои и функционери, пристигнале во Истанбул со два авиони и влегле во конзулатот додека Кашоги бил внатре.

Обвинителството во Истанбул го истражува инцидентот, додека пак конзулатот на Твитер вели дека соработува со властите.

Турција во понеделникот соопшти дека очекува безрезервна соработка со властите во Саудиска Арабија за разрешување на инцидентот со новинарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг