ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да е страшно уценет штом ја гази волјата на народот

Макфакс

09/10/2018

10:10

1.675

Големина на фонт

а а а

Одлуката на Зоран Заев да ги иницира уставните измени за бришење на Република Македонија е газење на сопствениот народ, негово потценување и негирање, наведуваат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека македонскиот народ избрал да не го менува името на државата и националниот идентитет.

Од опозициската партија сметаат дека Заев мора да е страшно уценет за криминалите што ги има сторено, штом се откажува од народот и оди спротивно од изборот на граѓаните.

„СДСМ продолжува со самоволието и кршењето на законите и Уставот. Владата на Заев срамно се одлучи да не ја почитува волјата на граѓаните кои рекоа ‘не’ на капитулантскиот договор од Преспа. Над 1,2 милиони граѓани јасно рекоа не на промената на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија, рекоа ‘не’ на политиките на владата на СДСМ и Заев“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека неприфаќањето на предлогот за формирање на независно обвинителство докажува дека оваа власт е промотор на криминалот, неправдата и беззаконието и е во, како што истакнуваат, коалиција со криминалното подземје во Македонија.

„Заев се плаши од фер и демократски избори на кои народот ќе го испрати во политичка пензија и ќе стави крај на неговата неславна политичка кариера“, сметаат од партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг