Додека убавиците од целиот свет се припремаат за Мис Универзум, кој ќе се одржи во декември во Бангкок, Тајланд, овој натпревар го следат и бројни контроверзии меѓу кои се и изјавите на самите натпреварувачки.
Варелија Моралес, новата Мис Колумбија се нашла во центар на скандал и е наречена "нетолерантна" откако сугерирала дека трансродните лица не би требало да се натпреваруваат за ласкавата титула, алудирајќи на 27-годишната Анџела Понс која претходно оваа година влезе во историјата како првата трансродна жена која некогаш е крунисана како мис Шпанија.
"Сметам дека натпреварувањата за избор на Мис Универзум би требало да бидат наменети за жени кои се родени како жени, а тоа би било многу лошо за Понс. Поради тоа треба да ја почитуваме, но не и да ја делиме наградата со неа", изјавила таа во интервју за колумбиската телевизија.
¿Sigue siendo Valle la candidata favorita de los gais en Twitter? Con lo incoherentes que llegan a ser, probablemente para algunos sí. Para que quede claro, Ángela Ponce es una mujer, MUJER https://t.co/4THQtmwq3P
— hey berri 🤠 (@BerrioJuan) September 29, 2018
По оваа изјава, Моралес почнале да ја критикуваат на социјалните мрежи, но имало и такви кои ја одбраниле мисицата.
"Таа само на глас го кажала тоа што повеќето го знаат и го мислат, но не смеат да го кажат бидејќи се плашат од јавна осуда. Браво Валерија", гласел еден од коментарите.
Ова не е прв пат мисица на Колумбија да ги наполни насловните страници со контроверзии. Пред неколку години, една од нив била обвинета дека пренесувала дрога, додека друга беше по грешка прогласена за Мис, а всушност беше прва придружничка.
Имено, Хулијана Лопез, колумбиска фудбалерка и поранешен Мис на оваа јужноамериканска држава беше уапсена во Кина во 2015 година поради обид да пренесе голема количина на кокаин на територијата на оваа модерна, но и конзервативна земја.
Таа е осудена на 15 години затвор поради кривично дело кое во Кина се казнува и со смртна казна.
Вториот, на сите добро познат скандал, се случи пред три години кога водителот Стив Харви ја прогласи Аријадна Гутјерез за Мис Универзум, а всушност беше прва придружничка. Колумбијката започнала да се радува, но набрзо сфатила дека станува збор за грешка и дека мора да ја предаде круната на вистинската победничка - Пиа Алонзо Вурцбах од Филипини. Гутјерез била во шок, но достоинствено го поднела поразот.