Турција побара дозвола за пребарување на саудискиот конзулат

Макфакс

08/10/2018

14:46

1.104

Големина на фонт

а а а

Турција побара дозвола за пребарување на конзулатот на Саудиска Арабија во рамки на потрагата по саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој исчезна минатата недела, објави НТВ.

Турски официјални лица на новинарите на Ројтерс им кажаа дека веруваат дека Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, а претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека лично го следи случајот.

Турски официјален претставник денеска изјави дека претставникот на Саудиска Арабија во Анкара по втор пат е повикан во Министерството за надворешни работи и дека турските дипломати побарале да биде „во целосна координација” во врска со овој случај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг