„Не сум виновна”, рече Јанкулоска за масовното прислушување

Макфакс

08/10/2018

14:41

3.489

Големина на фонт

а а а

Обвинетата Гордана Јанкулоска на судењето за масовното прислушување „Таргет-Тврдина”, се изјасни дека не се чувствува виновна.

,,Вие имате само едно кривично дело…” рече судијката Џенета Бектовиќ, откако претходно на обвинетиот Тони Јакимовски, го праша дали се чувствува за виновен за двете кривични дела, за кои е обвинет.

Јанкулоска рече дека разбира за што е обвинета, но, дека не се чувствува виновна. ,,Не се чувствувам виновна зашто во ниеден момент не сум направила ништо што е во спротивност со Законот или овластувањата како министер за внатрешни работи”, рече Јанкулоска.

Сашо Мијалков и останатите обвинети по вторпат се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, откако претходно беше споена раздвоената постапка за Гордана Јанкулоска, поради нејзината бременост.



Спонзорирани линкови

Маркетинг