Што се случува со шефот на Интерпол? Французите збунети поради неговото исчезнување и заканите, Кинезите тврдат дека е под истрага

Точка

06/10/2018

16:27

3.421

Големина на фонт

а а а

Интерпол соопштил дека е запознаен со извештаите во врска со наводното исчезнување на Менг.

Франција е загрижена поради исчезнувањето на шефот на Интерпол, Менг Хонвеи и е загрижена поради заканите кои ги добила неговата сопруга, соопштило Министерството за внатрешни работи во Париз. 

"Размената на информации со кинеските власти продолжува. Франција е збунета поради ситуацијата околу директорот на Интерпол и заканите пратени до неговата сопруга", се наведува во соопштението од француското министерство.

Исчезнувањето на Менг е пријавено откако отпатувал во родната Кина.

Неговото семејство, според наводите на министерството, со него не се слушнало од 25. септември, што е четири дена пред датумот кој претходно го објавиле неименувани полициски извори.

Сопругата на Менг, која ја контактирала полицијата во Лион, каде се наоѓа седиштето на Интерпол, рекла дека и се заканувале преку телефон и на социјалните мрежи.

Претходно хонгконшкиот весник "South China Morning Post", повикувајќи се на неименувани извори, објавил дека Менг е под истрага во Кина и дека е одведен на испрашување веднаш по доаѓањето во земјата.

64-годишниот Менг, како што се наведува, во Кина допатувал минатата седмица. На сајтот на кинеското Министерство за јавна безбедност, Менг е наведен како заменик министер, но е функцијата ја изгубил на комитетот на Комунистичката партија во април.

За директор на Интерпол бил именуван во 2016. година.

Интерпол соопштил дека е запознаен со извештаите во врска со наводното исчезнување на Менг.

"Ова е прашање за релевантните власти во Франција и Кина", навела агенцијата во соопштението.

Француската полиција отворила истрага откако сопругата на Менг го пријавила неговото исчезнување. Сопругата на директорот на Интерпол, која живее во Лион, се јавила во полиција бидејќи не се слушнала со својот сопруг откако отпатувал во Кина.