Едно лице загина а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Скопје – Велес. Несреќата се случила кога 33-годишниот К.М. од село Облешево изгубил контрола над возилото и се превртел.
Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес. Извршен е увид на местото на настанот.