Поради сообраќајка, прекин на сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица

Макфакс

05/10/2018

19:35

1.472

Големина на фонт

а а а

На патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица, сообраќајот е во прекин кај местото Баткова чешма, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека прекинот е поради случена сообраќајна незгода.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.