Трамп го обвини Сорос дека се меша во неговите политики

Макфакс

05/10/2018

18:51

1.714

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД вели дека жените што протестираат поради контроверзниот кандидат за Врховниот суд, Брет Кавано, се професионалци платени од милијардерот Џорџ Сорос и други организации.

„Многу непристојните жени се платени професионалци што само сакаат да им наметнат лош углед на сенаторите“, напиша Трамп на „Твитер“. 

По сведочењето во Сенатот минатата недела на Кавано и Кристин Форд, која го обвини за сексуално малтретирање во 80-тите години на минатиот век, две жени му пристапија на сенаторот Џеф Флејк наведувајќи дека се жртви на сексуално насилство и побарале од него да не го поддржува кандидатот на Трамп за Врховниот суд. 

„Не паѓајте на тоа! Исто така, погледнете ги сите професионално направени идентични знаци. Платени се од Сорос и други. Тоа не се знаци направени од љубов во подрумот“, додава Трамп. 

Сенатот денеска требаше да ја почне процедурата за гласање за Кавано. Флејк, како и две умерени сенаторки, Сузан Колинс и Лиза Мукровски, очигледно сè уште не одлучиле како да гласаат.