Празна страна на "Washington Post" поради новинарот Кашоги: Како да пропаднал во земја! Влегол во саудискиот конзулат во Истанбул и му се губи секаква трага

Точка

05/10/2018

15:58

1.707

Големина на фонт

а а а

"Washington Post" објавил празна страна во своето денешно издание, во знак на солидарност со својот новинар и писател од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, кој исчезнал во текот на посетата на саудискиот конзулат во Истанбул.

На празната страна објавена во американскиот весник пишува само "Исчезнат глас", пренесува "AP" и наведува дека управниот одбор на весникот му се јавил на саудискиот принц Мохамед Бин Салман да гарантира дека Кашоги е "слободен и во можност да ја продолжи својата работа", пренесува "AP". 

Кашоги, кој живее во егзил во САД, за "Washington Post" пишувал текстови во кои го критикувал саудискиот принц.

Тој исчезнал во вторникот во текот на посетата на Конзулатот, од кој наведуваат дека ја напуштил зградата, што е спротивно од тврдењето на турските службеници, кои истакнуваат дека Кашоги сеуште е таму.

"Екстремно сме вознемирени со тоа што немаме контакт со Џамал откако последен пат бил виден при посетата на Конзулатот на Саудиска Арабија. Досега не успеавме да стапиме во контакт со него. За се го известивме турските и саудиските службеници", се наведува во посебна статија на "Washington Post".

Властите на Саудиска Арабија соопштиле дека будно следат било какви извештаи во врска со безбедноста на саудиските државјани и дека ќе продолжат да ги следат.

Меѓутоа, турските службеници веруваат дека новинарот е затворен во Конзулатот.

Групите за слобода на медиумите, како што се Репортери без граници и Комисијата за заштита на новинарите, изразиле загриженост за безбедноста на Кашоги.

Кашоги веќе неколку години живее во САД, а работата главен уредник во саудискиот весник "Ел Ватан" ја изгубил во 2003. година, откако пишувал критички за Саудиска Арабија.