Во Вашингтон веќе со денови пред зградата на Сенатот се протестира против Брет Кавано, кадидатот за судија во Врховниот суд во Америка предложен од страна на претседателот Доналд Трамп.
Брет бил обвинет од неколку жени за сексуално насилство, а против него сведочела и д-р Блејзи Форд. Истрагата ја спорведе FBI, но многумина демократски сенатори после читањето на извештајот изјавиле дека истрагата е лошо спроведена и дека станува збор за "прикривање", бидејќи во пет дена испитале само девет лица помеѓу кои не се Кавано, ниту Блејзи Форд.
Луѓето кои протестираат се собираат секој ден како што се приближува одлуката за сенаторот за негово именување, а гласовите кои ќе одлучат за тоа се оние четири неодлучни сенатори - Џеф Флејк, Сузан Колинс, Лиса Мурковски и Џои Маншина. Глумицата и комичарка Ејми Шумер и манекенката Емили Ратајковски биле помеѓу 293 лица кои биле уапсени и набрзо ослободени, а за сето тоа ги известуваа своите фанови на Инстаграм.
"Мажите кои злоставуваат жени повеќе не можат да бидат на моќни позиции. Ако номинацијата за Кавано биде потврдена тоа ќе биде порака за жените на САД дека не се важни. Барам влада која препознава, почитува и ги поддржува жените како и мажите", напишала Ратајковски.
Покрај неа и Шумер, на протестот била и Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп која го обвини за физичко насилство.