Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на партијата, Христијан Мицкоси, наместо со нелогични барања да се обидуваат да дојдат до амнестија за Никола Груевски, треба да кажат дали се за интеграциите во ЕУ и НАТО, порача денеска од пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири.
Тој додаде дека сите пратеници, вклучително и оние од СДСМ се должни да ја следат мнозинската волја на граѓаните.
„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за НАТО и ЕУ во име на граѓаните кои ги избрале теба да ги продолжат процесите во Собранието“, рече Зеќири.
Според него, затворањето на патот кон ЕУ и НАТО значи затворање на пристапот до европските фондови, намален обем на инвестициии и работни места.
„Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со барања во чијшто фокус е амнестијата, тоа ќе биде знак дека сакаат да го блокираат патот кон ЕУ и НАТО и да ја внесат земјата во изолација“, рече Зеќири.
Тогаш, додаде тој, единствен начин се предвремени избори, кои мора да бидат организирани веднаш.