Вучиќ најавува уставни промени во Србија во ноември

Макфакс

05/10/2018

10:50

836

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека кон крајот на октомври или почетокот на ноември до Собранието на Србија ќе биде доставен предлог за уставни промени поврзани со преговарачките поглавја 23 и 24 со ЕУ, како и за поглавјето 35, коешто го оцени како особено значајно бидејќи се однесува на напредокот на односите со Приштина.

Тој на заедничка прес-конференција со известителот на Европарламентот, Дејвид Мекалистер, рече дека Србија има уште многу да сработи во врска со владеењето на правото и подготовките за отворање на поглавјата 23 и 24, оценувајќи дека тоа ќе придонесе и за подобар амбиент за привлекување на странските инвеститори.