Мурињо ќе ги казни новинарите на досега невиден начин...

Точка

05/10/2018

11:06

2.799

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Јунајтед одлучи да им се одмазди на новинарите кои што во изминатиов период се негативно настроени кон него, секако, поради лошите резултати на клубот.

Поради тоа, Мурињо одлучи да им се одмазди на новинарите, па идната прес-конференција одлучи да ја закаже во 8:00 часот наутро, односно пет часа порано од предвидениот термин.

На Жозе Мурињо очигледно му пречи тоа што многу медиуми веќе го прогласија Зинедин Зидан за негов наследник, па не е исклучено Португалецот да проговори на таа тема и деновиве.

Инаку, Манчестер Јунајтед утре ќе се судри против Њукасл во рамките на осмото коло од англиската Премиер лига, па „Црвените Ѓаволи“ ќе мора да победат за барем привремено да биде прекината агонијата која што веќе подолго време владее на „Олд Трафорд“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг