Од недела локални врнежи од дожд

Макфакс

04/10/2018

18:21

1.839

Големина на фонт

а а а

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од 8 до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време со температури околу просекот за овој период од годината, информира УХМР. В недела попладне и в понеделник можна е појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.

Времето утре ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 2 до 12, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени, соопшти УХМР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг