СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ го интересира само заштита на криминалот на Груевски

Макфакс

04/10/2018

17:16

1.074

Големина на фонт

а а а

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислување нови, нелогични барања кои имаат за цел повторно да ја вратат амнестијата за Груевски и неговите соработници, обвини владејачкиот СДСМ.

„Очигледно е дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски покажува дека го интересира само амнестија за криминалите направени за време на 11-годишното пустошење на државата.

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија нема да има за никого. Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат дали се за НАТО и ЕУ или против!

Доколку навистина е за ЕУ и НАТО Мицкоски ќе ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на над 600 илјади граѓани и да ги поддржат процесите во Собранието кои водат до полноправно членство во двата најголеми светски сојузи.

Наместо преку нелогични барања да се обидуваат да издејствуваат амнестија за Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да покажат одговорност и да ја почитуваат јасно изразената мнозинска волја за иднина во ЕУ и НАТО.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорното однесување, доколку на секаков начин се обидува да ја кочи македонската иднина, тогаш следниот логичен чекор е предвремени парламентарни избори веднаш.

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја запрат македонската иднина и нема да може да избегаат од волјата на граѓаните“, се наведува во соопштението на партијата.