Не се согласува со Сколс: Гигс објасни зошто Јунајтед треба цврсто да се држи до Мурињо

Дерби

04/10/2018

22:10

2.904

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед и во актуелнава натпреварувачка кампања не успева да дојде до она што го посакува, игра и победнички резултати кои ќе носат радост на „Олд Трафорд“.

Клубот доживеа елиминација од Лига купот, во домашното првенство има само 10 освоени бода по седум кола и е на 10 место на табелата, додека пак единсивена позитивна точка засега е ЛШ каде со 4 бода е на второто место во групата Х.

Токму поради ова навивачите на Јунајтед се разочарани и бараат одговорност од управата, но и од тренерот Жозе Мурињо особено во последниве неколку недели го загуби компасот, па и влезе во конфликт со играчите.

Многумина сметаа дека Жозе треба да добие отказ, а во таа група е и легендата Пол Сколс кој директно удри по Поругалецот. Ама една друга иконата на „црвените ѓаволи“, Рајан Гигс има поинаков став и смета дека Мурињо треба да остане на сегашното место, затоа што Јунајтед ќе си направи дополнителни проблеми ако го отпушти.

-Не, не треба да биде отпуштен. Тие минуваат низ тежок период во моментот. Реков и минатиот пат, каде тие одат? Ако сега направат промена тоа значи дека веројатно ќе бидат во истата оваа позиција една или две години. Проблемот на крајот е планирање напред. Значи, почекајте, ова е тешко време, но мојот став не е променет. Верувам дека треба да ја задржи својата работа, -рече Гигс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг