Капело: Мурињо ми откри кои играчи сака да ги купи

Точка

04/10/2018

17:33

2.794

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед го бележи најлошиот старт во Премиер лигата од 1989-та година, а додека многумина сметаат дека за тоа најмногу е виновен Мурињо, има и фанови на Јунајтед кои го бранат Португалецот затоа што факт е дека „Црвените Ѓаволи“ не беа активни во текот на летниот преоден рок.

Многумина причината за лошите резултати на Јунајтед ја гледаат во тоа што клубот во текот на летниот преоден рок не доведе ниту едно квалитетно засилување. За тоа најмногу е свесен Жозе Мурињо кој што знае дека има посебни проблеми со одбраната и затоа сакал да ангажира двајца дефанзивци.


За кои играчи станува збор, откри Фабио Капело на кого што неодамна му се доверил Португалецот.


„Ова лето на состанокот на тренерите се сретнав со Жозе Мурињо. Тој ми откри дека од клубот побарал двајца дефанзивци. Едниот е Милан Шкриниар од Интер, а другиот е Калиду Кулибали од Наполи“, откри Фабио Капело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг