Стаменковска: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат потпишано платформа дека нема да гласаат за уставни измени

Макфакс

04/10/2018

15:19

1.165

Големина на фонт

а а а

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема потпишано платформа со која се обврзува дека нема да гласа за уставни измени, вели Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа ги отфрли информациите во јавноста дека партијата се подготвува на ваков чекор.

Стаменковска вели дека пратениците не оствариле средба со претставници на власта, по најавите дека премиерот ќе се обиде да убеди уште деветмина пратеници, колку што му фалат, за да обезбеди двотретинско мнозинство.

Стаменковска го повтори ставот дека таа лично нема да гласа за уставни измени согласно со договорот со Грција.

На прес-конференција таа се осврна и на администрацијата, барајќи од власта да одговори дали е вистина дека во Генералниот секретаријат на Владата над 50 вработени неосновано се казнуваат со дисциплинска одговорност. Стаменковска рече дека власта продолжува со притисоци во администрацијата, а во таа насока обвини дека од ЈСП биле избркани тројца вработени, ден по референдумот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг