Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Скопје се случиле 15 сообраќајни незгоди од кои осум со телесни повреди и седум со материјална штета. При сообраќајните незгоди 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Потоа 82 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 20 возачи бидејќи 14 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, петмина го управувале возилото под дејство на алкохол и еден бил возач почетник.
Од сообраќај исклучени се 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно било претоварено. Санкционирани се и шест возачи кои поминал крстосница на црвено светло, тројца неправилно престигнувале и двајца не носеле заштитен шлем.
Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин и еден кој поминал на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 102 мандатни платни налози, додека исто така 72 возила се подигнати со „Пајак”.