Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за „Вашингтон пост“ вели дека Србија ги смета за вистински пријатели и Русите и Европејците, но напоменува дека Москва била на страната на Белград во Советот за безбедност на ОН, кога другите не биле.
На прашањето дали Србија е подготвена да ѝ воведе санкции на Русија ако стане членка на ЕУ, Вучиќ истакна дека Србија не само што има регулиран и нормален став, туку има и единствен одбранбен став, а тоа според него значи дека Србија е на пат кон ЕУ и сака да припаѓа на европското општество.
„Тоа е приоритет, од најголемо значење за нас. Сакаме да бидеме дел од ЕУ како организација на 27,28 членки, која е најголем блок на мирот и стабилноста. Исто така, тоа ќе ни помогне да ја одржиме стабилноста и да продолжиме со реформите во различни прашања, вклучително и за борбата против корупцијата. Тоа е она што ни треба“ рекол Вучиќ.
Од друга страна пак, укажува на тоа дека Србија го има прашањето за Косово, кое, како што вели, го тумачи на различни начини, но Косово е присутно во сите преговарачки поглавја.