Лидерите на Европската Унија на 17 октомври ќе се состанат во Брисел на разговори за можниот договор со Велика Британија за брегзитот, објави денеска Европскиот совет.
Претседателот на Евроспкиот совет, Доналд Туск, за шефовите на 27-те држави и влади членки на ЕУ за 17 октомври, ден пред редовниот самит, на кој ќе присуствува и британската премиерка Тереза Мај, закажа вечера.