Резултатите од референдумот да се спроведат во Собрание, вели Богданов

Макфакс

03/10/2018

20:11

1.230

Големина на фонт

а а а

Костадин Богданов, еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот на состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека ќе ги разгледуваат наредните чекори.

Има опција да се поддржи договорот во Собрание или предвремени избори. Не знам какво е расположението, ова е прв состанок по референдунот, но мое лично убедување е да се заврши процесот во Собрание, ова е пораката која Богданов ја испрати до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќето членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани од коментар пред почетокот на состанокот, велат дека нивните ставови ќе ги соопштат по завршувањето.

Меѓу првите кои пристигнаа беа Тони Михајловски, Коце Трајановски, Владимир Неловски, Драган Данев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг