Преговорите за излегувањето на Велика Британија од Европската унија влегуваат во најтешката фаза, изјави премиерката Тереза Мај и ја повика поделената Конзервативната партија да, како што рече, престане со препукувањата околу брегзитот и да го поддржи нејзиниот план за иден трговски договор.
Обраќајќи се пред членовите на Конзервативната партија, Мај рече дека предлозите на Британија се „многу предизвикувачки за ЕУ”, се вели во извештајот на „Танјуг“.
Меј ги предупреди критичарите кои сакаат „тежок“ прекин со европскиот блок дека „ако сите одат во различни насоки во потрага по сопствени визии за совршен брегзит, ризикуваат да завршат без тоа”.
Таа рече дека напуштањето на ЕУ без договор најпрво би било тешко за Британија и дека тоа би било лош исход за двете страни, но сепак потенцираше дека доколку мораат ќе ја напуштат Унијата без договор.
Британската премиерка Тереза Меј денеска за време на годишниот собир на нејзината партија на сцената излезе танцувајќи додека во заднината се слушаше познатата песна на групата АБА – Dancing Queen.