СДСМ: Барањата за избор на јавен обвинител по предлог на опозицијата се уште еден обид да се издејствува амнестија за Груевски

Макфакс

03/10/2018

18:47

1.435

Големина на фонт

а а а

За раководството на ВМРО-ДПМНЕ, приоритет е амнестијата за Груевски наместо иднината на граѓаните. Амнестија нема да има, нелогичните барања за избор на јавен обвинител по предлог на опозицијата од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште еден јалов обид да се издејствува амнестија за Никола Груевски, реагираа преку соопштение од СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Граѓаните и институциите спроведоа мирен демократски референдумски ден на кој граѓаните одлучуваа слободно, без притисоци и по сопствено убедување. Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани и од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, каде што денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран, со мирнa кампања и постапки што се воделе непристрасно“, се наведув во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат дека во клучен период за иднината на земјата раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за интересите на државата и нејзините граѓани.

На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поважна им е иднината на Груевски отколку иднината на граѓаните, кои се за иднина во ЕУ и НАТО, се наведува во соопштението на СДСМ.