60-годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од две непознати лица, од кои едното лице му побарало пари за операција на неговата сопруга и му ветил награда од 500 евра кога ќе ги подигне парите.
Оштетниот му дал 13.000 денари и 50 евра, а како гаранција дека ќе се вратат, му бил даден часовник. Двајцата заминале и не се вратиле, а откако сфатил дека го измамиле пријавил во полиција.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.