Мурињо експресно му одговори на Сколс: Нека зборува што сака

Точка

03/10/2018

15:10

1.380

Големина на фонт

а а а

На легендарниот фудбалер на Јунајтед, Пол Сколс, не му се допаѓаат ниту резултатите на екипата, ниту пак однесувањето на тренерот Жозе Мурињо.

Синоќа Сколс изјави дека „не знае дали јазикот е побрз од умот на Мурињо, но знае дека тој го срами клубот“, по што Португалецот беше приморан експресно да му одговори.

„Не ме интересира што зборува. Не сакам да знам што рекол Сколс. Слободен е да мисли и да зборува што сака, како и сите останати“, изјави Жозе Мурињо и додаде:

„Истото важи и за навивачите кои што извикуваа „во напад“ во текот на второто полувреме од натпреварот против Валенсија“, изјави Жозе Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг