Роди се, работи, умри, пензија: Путин не ги послуша пензионерите – мажите заминуваат во пензија на 65, жените на 60 години

Точка

03/10/2018

16:54

2.598

Големина на фонт

а а а

Според новиот руски закон за поместување на старосната граница за пензија, мажите ќе можат да се пензионираат на 65, а жените на 60 години.

Рускиот сенат денес го усвои законот со кој што се донесуваат измени на пензискиот систем и се зголемува границата за заминување во пензија.

За спорниот закон кој што контроверзно беше објавен за време на отворањето на Светското првенство во Русија ова лето со цел да се одвлече вниманието на руските граѓани, гласале 149 сенатори, петмина биле против, додека пак тројца сенатори биле воздржани.


Според измените на законот, меѓу другото, се менува старосната доба за заминување на мажите и жените во пензија, па така мажите сега ќе можее да се пензионираат на 65, наместо на 60 години, а жените на 60, наместо на 55 години, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.

Првичните планови предвидувале жените да може да се пензионираат на 63 години, но подоцна тоа било намалено на 60 години.


Најавите на измената на овој закон предизвикаа избивање на низа на протести ширум Русија, а поради ваквата мерка опадна и популарноста на рускиот претседател Владимир Путин. Според организацијата „ФОМ“, процентот на луѓето кои што истакнале дека повторно би му дале поддршка на Владимир Путин на изборите паднал од 62% на 54%, а општата поддршка за неговата работа паднала од 75% на 69%.

Инаку, интензитетот на протестите опадна поради забраните за организирање на такви собири за време на Светското првенство, на чиј што почеток беше објавена реформата со цел да се оттргне вниманието на јавноста. Тогаш најпопуларна порака на демонстрантите кои што сеедно излегуваа на улиците беше „Роди се, работи, умри, пензија“, алудирајќи на екстремното зголемување на старосната граница со кое што можеби и нема старите лица да ја дочекаат пензијата.