Американскиот претседател Доналд Трамп отворено ја исмеа жена која го обвинува неговиот кандидат за Врховен суд за сексуален напад, иронизирајќи го недостигот на прецизност во нејзината приказна.
Кристин Бласи Форд, 51-годишна универзитетска професорка, минатата недела пред Сенатот и десетици милиони Американци пред нивните екрани изјави дека „100 отсто” е сигурна дека во летото 1982 година била нападната од Брет Кавано.
„Пиев пиво, пиев пиво”, рече Трамп на собирот во Саувенвен, Мисисипи, имитирајќи го сведочењето на Бласи Форд.
„Како се вративте дома? Не се сеќавам. Како дојдовте на местото на настанот? Не се сеќавам. Колку години поминаа? Не знам, не знам, не знам”, рече Трамп проследен со смеа и аплаузи.
„А животот на човекот се распадна, тој пропадна”, рече американскиот претседател, кој досега внимаваше да не и се обрати директно на обвинителката.
Нарекувајќи го судијата Кавано „совршено човечко суштество”, Трамп го осуди однесувањето на демократските застапници кои ги обвинува за опструкција.
Адвокатот на Бласи Форд, Мајкл Бромвич, веднаш на Твитер го осуди „суровиот и гнасен напад” врз неговиот клиент.