Судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој е обвинет новинарот Драган Павловиќ Латас е одложено поради болест на судијката Софче Гаврилова Ефремова.
Тој е обвинет за затајување данок во висина од 121 414 евра преку правните лица „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“ и 63 032 евра како физичко лице.
Судењето за овој предмет досега се одложуваше повеќепати поради здравствени и семејни причини на Латас.