ВМРО-ДПМНЕ: Неуспехот на референдумот е црвен картон за Заев и погубните капитулантски политики

Макфакс

03/10/2018

10:24

1.655

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ не бара амнестија, туку бара да се истражи криминалот, полнењето кутии и останатите нерегуларности на референдумот, велат од опозициската партија како реакција на соопштението на СДСМ од каде обвинија оти нервозните реакции на раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека оваа партија сè уште е заглавена во поразената матрица на Никола Груевски и барањето на амнестија за криминалот.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека неуспехот на референдумот е црвен картон за Зоран Заев и погубните капитулантски политики.

„Референдумот е полн со кривични дела против изборите, со полнења на кутии, со кршење на молкот, кол – центри од власта од каде со лажно претставување се присилува и нарушува избирачкото право на граѓаните, и за тоа има докази, а Републичкиот Јавен Обвинител никаде го нема“, се наведува во партиското соопштение.

Воедно се истакнува и дека Зоран Заев и криминалниот клан од СДСМ продолжуваат да го кршат Уставот, и сакаат да го погазат собранискиот деловник, се со една јасна цел – да ја изиграат јасно изразената волја на граѓаните.