Вучиќ: Во разговорот со Путин добивме се што сакавме, деталите не можам да ги откријам

Макфакс

03/10/2018

10:17

1.291

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во разговорот со рускиот претседател Владимир Путин е добиено се што било побарано. Тој истакна и дека двајцата се согласиле речиси на сите теми на кои разговарале.

„Добивме се што баравме. Се сложивме за се“ рекол Вучиќ за руската агенција Тас и додал дека деталите од разговорот со рускиот претседател неможе да ги открие.

По разговорот со Путин, како што пренесува Тас, Вучиќ рекол дека е задоволен од исходот од разговорот со Путин, кој траел 50 минути.

„Неможевме да очекуваме само една работа – продолжување на оваа работа ( на поддршката на Србија). И многу сум задоволен од одговорот на рускиот претседател Путин и јас му реков: Ви благодарам многу, драг пријателе, ценет претседателе, што заедно со нас го одржувате националниот интегритет на Србија, но и меѓународното право. Тоа е многу важно за Србија“ навел Вучиќ.

Српскиот претседател потенцирал дека со рускиот претседател решиле многу конкретни прашања, како и дека се радува на следната средба со Путин во Белград, која како што рече, ќе биде наскоро, пред крајот на годинава.