Променливо облачно со температура до 25 степени

Макфакс

03/10/2018

09:30

1.016

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде променливо облачно, а облачноста ќе биде позастапена во јужните и западните делови.

Попладне и во ноќните часови ќе има слаби врнежи од дожд, претежно во југозападните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14, а максималните од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а пооблачно ќе биде во втората половина од денот. Во ноќните часови и во Скопската Котлина ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 23 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг