Нема никаков проблем: Според Мурињо, Јунајтед го подигнале нивото на игра

Точка

03/10/2018

11:06

1.439

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ против Валенсија одигра нерешено, 0:0, а тоа не е резултатот кој што го очекуваа навивачите на клубот.

Јунајтед продолжи со лошите резултати оваа сезона, а според многумина „Црвените Ѓаволи“ и синоќа одиграа уште еден блед натпревар.

„Тврд и тежок натпревар, квалитетен противник. Можевме да победиме, но мислам дека не можевме да загубиме. Не се плашев од пораз поради начинот на кој што играше екипата. Го подигнавме нивото во смисол на посветеноста и интензитетот, но не постигнавме гол“, изјави Жозе Мурињо.

Последен пат Манчестер Јунајтед славеше на 19-ти септември против Јанг Бојс во првото коло од Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг