Франција задоволна што мнозинството гласачи ја поддржаа спогодбата од Преспа

Макфакс

02/10/2018

18:24

1.596

Големина на фонт

а а а

Според неа, сега парламентот треба да се произнесе за уставните амандмани во врска со спроведувањето на спогодбата, а врз основа на резултатот од референдумот.

„Гласачкото тело на поранешната југословенска Република Македонија имаше можност на 30 септември да гласа на референдум за името и за иднината на земјата. Франција со задоволство констатира дека гласањето добро се одвиваше и го поздравува фактот што многу големо мнозинство од гласачите што излегоа искажаа поддршка за спогодбата од Преспа и за приближувањето на нивната земја кон атлантската алијанса и Европската Унија“, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, госпоѓа Ањес фон дер Мил.

„Како што напомена претседателот на Република Франција, спогодбата од Преспа е добра како за земјата така и за регионот и за Европ“, се додава во изјавата доставена преку Амбасадата на Франција во земјата.