Полицијата и Државен просветен инспекторат го истражуваат случајот со учениците во Аеродром

Макфакс

02/10/2018

18:22

1.803

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром најстрого го осудува инцидентот кога неколкумина основци фрлиле соученичка низ прозор и информира дека е посветена на целосно расчистување на овој случај.

Тие информираат дека случајот е пријавен во Полициската станица Аеродром и се преземаат мерки за негово целосно расчистување. Бил повикан и Државниот просветен инспекторат кој извршил увид во случајот.

Општината информира дека е во постојана комуникација со претпоставените од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ и сите надлежни институции во однос на пријавениот случај за 14-годишната ученичка, која според пријавата во МВР се здобила со телесни повреди.

,,Општина Аеродром најстрого осудува секаков вид насилство меѓу учениците и е посветена на целосно расчистување на овој случај, како и креирање мерки за подигнување на свеста кај учениците од најмала возраст и превенција на идни немили настани”, се вели во соопштението.

Во полициската станица Аеродром утрово било пријавено дека во петокот четворица ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, во населбата Аеродром, низ прозорец фрлиле нивна соученичка. Инцидентот се случил се случил за време на малиот одмор, а девојчето се здобило со повреди.